Програмскa целинa – Одбрана и Јавен Поредок
Од основните програмски цели:
- Градење на силни Армиски, Резервни, Доброволни и Полициски сили за обезбедување на границите и внатрешната безбедност и воведување задолжителен воен рок.
- Протерување на сите странски формални и неформални воени формации од територијата на Република Македонија.
Одбранбена стратегија и доктрина
Родина ќе ја поврзува одбраната на Македонската држава, народ и идентитет во пошироката геостратешка ситуација во регионот и светот со силите кои подржуваат глобализација по теркот на суверените народи и држави.
Македонија ќе го повлече своето барање за членство во НАТО и ЕУ и ќе побара прво членство во својство на набљудувач се до полноправно членство во ЕвроАзискиот Економски Сојуз – ЕАЕС и Шангајската Безбедносна Организација – ШОС.
Мерки
- Посветување на посебно внимание на развојот на спортското и моралното воспитување во образовните институции и развој на патриотскиот дух кај населението.
- Откривање на потенцијални кадри преку образовниот систем и нивно соодветно насочување и образување.
- Зголемување на воениот буџет, со цел надоместување на штетите нанесени изминатите 30 години врз воената инфраструктура и опрема.
- Ангажирање на стручни лица во организирање на младински клубови и кампови од областа на новинарството, медиумите, информатиката, радиотехниката, радиомоделарството, извидништвото, боречки вештини, пливање, скијање и т.н.
- Воведување на задолжителен воен рок од 6 месеци за сите мажи од 18 до 25 години и програма за доброволна воена служба за жените.
- Активирање на резервниот состав со редовни вежби
- Враќање на единиците за територијална одбрана и цивилна заштита
- Формирање на доброволни единици за медицинска прва помош, заштита од поплави, противпожарна заштита и други типови на непогоди.
- Образование и едукација на населението за препознавање на методите на современата специјална војна и соодветно постапување во услови на истата.
- Целосна модернизација на Македонската Армија, Полиција, Доброволните и Резервните сили со итно обновување на оружјето, техниката, логистиката и моралната подготвеност за одбрана на територијата и самостојноста на Македонската држава. целосна модернизација на Македонската Армија, Полиција, Доброволните и Резеврните сили.
- Воведување задолжителна едномесечна воена обука за на сите на возраст од 18 – 55 години!е
© 2019. This work is licensed by Goran Sumkoski under a CC BY-NC-ND 4.0 license.
© 2019. Лиценцирана интелектуална сопственост на Горан Шумкоски според CC BY-NC-ND 4.0 лиценца.