Одбрана и Јавен Поредок

Програмскa целинa – Одбрана и Јавен Поредок

Од основните програмски цели:

  1. Градење на силни Армиски, Резервни, Доброволни и Полициски сили за обезбедување на границите и внатрешната безбедност и воведување задолжителен воен рок.
  2. Протерување на сите странски формални и неформални воени формации од територијата на Република Македонија.

Одбранбена стратегија и доктрина

Родина ќе ја поврзува одбраната на Македонската држава, народ и идентитет во пошироката геостратешка ситуација во регионот и светот со силите кои подржуваат глобализација по теркот на суверените народи и држави.

Македонија ќе го повлече своето барање за членство во НАТО и ЕУ и ќе побара прво членство во својство на набљудувач се до полноправно членство во ЕвроАзискиот Економски Сојуз – ЕАЕС и Шангајската Безбедносна Организација – ШОС.

Мерки

  1. Посветување на посебно внимание на развојот на спортското и моралното воспитување во образовните институции и развој на патриотскиот дух кај населението.
  2. Откривање на потенцијални кадри преку образовниот систем и нивно соодветно насочување и образување.
  3. Зголемување на воениот буџет, со цел надоместување на штетите нанесени изминатите 30 години врз воената инфраструктура и опрема.
  4. Ангажирање на стручни  лица во организирање на младински клубови и кампови од областа на новинарството, медиумите, информатиката, радиотехниката, радиомоделарството, извидништвото, боречки вештини, пливање, скијање и т.н.
  5. Воведување на задолжителен воен рок од 6 месеци за сите мажи од 18 до 25 години и програма за доброволна воена служба за жените.
  6. Активирање на резервниот состав со редовни вежби
  7. Враќање на единиците за територијална одбрана и цивилна заштита
  8. Формирање на доброволни единици за медицинска прва помош, заштита од поплави, противпожарна заштита и други типови на непогоди.
  9. Образование и едукација на населението за препознавање на методите на современата специјална војна и соодветно постапување во услови на истата.
  10. Целосна модернизација на Македонската Армија, Полиција, Доброволните и Резервните сили со итно обновување на оружјето, техниката, логистиката и моралната подготвеност за одбрана на територијата и самостојноста на Македонската држава. целосна модернизација на Македонската Армија, Полиција, Доброволните и Резеврните сили.
  11. Воведување задолжителна едномесечна воена обука за на сите на возраст од 18 – 55 години!е

 

© 2019. This work is licensed by Goran Sumkoski under a CC BY-NC-ND 4.0 license.

© 2019. Лиценцирана интелектуална сопственост на Горан Шумкоски според CC BY-NC-ND 4.0 лиценца.