Меѓународни Односи

Програмска Целина – Меѓународни односи

Од основните програмски цели

  1. Поднесување барање за учество во во сите глобални и регионални ЕвроАзиски интеграции, ЕАЕС, ШОС, Пат на Свилата итн.
  2. Поднесување барање за прием под уставно име Република Македонија во ООН.

Стратешки Цели

Геостратешко репозиционирање на Македонија, дипломатско делување, представување и поврзување во полза на долгорочниот развој и стабилност на Македонската Држава.

Мерки за достигнување на целите

  • Со најновиот насилен обид да се внесе Македонија во НАТО по цена на губење на името на државата и на идентиетот на Македонскиот народ, Македонија мора да се дистанцира од оваа организација и да го повлече барањето за членство во неа.
  • Македонија да поднесе итно барање за членство во ЕвроАзискиот Економски Сојуз – ЕАЕС и во Шангајската Организација за Соработка – ШОС.
  • Македонија итно да ја ефектуира одлуката на Судот на Правдата во Хаг и да побара членство под уставното име во Обединетите Нации.
  • Македонија ќе ја проширува стратешката соработка со сите клучни светски и регионални сили, Русија, Кина, Турција, БРИКС, Новиот Пат на Свилата, Пат и Појас, и поврзување и вмрежување во постојните и новите светски транспортни, информатички, трговски и енергетски коридори.
  • Во соседството ќе започнеме процеси на преговори за воспоставување на регион со еднакви права и обврски кон малцинствата во секоја од земјите.
  • Ревизија на македонските дипломатски представништва и нивно реструктиурање во согласност со идните потреби.
  • Ревизија на персоналниот состав во МНР и сите амбасади и представништва.
  • Отворање дипломатска школа во рамките на МНР водена од искусен и патриотски дипломатски кадар низ чија обука ќе поминат сите сегашни и идни дипломати.

Спроведување

  • (Родина ќе ги почне овие активности како врвен приоритет на новиот парламент, влада и други инситуиции за веднаш официјално да постапат по сите овие барања. Да се доработи детален Геостратешки Документ во рамките на усвоените основни програмски цели и во согласност со Македонска Доктрина)
  • Македонските Меѓународни Односи ќе се исполнуваат централизирано од владата и министерствата под надзор на Претседателот на Републиката и со општествен надзор на работата на министерствата преку народни општествени совети од граѓани избрани од народот.

Македонските Меѓународни Односи ќе се исполнуваат со паралелно применување на останатите основни цели

  • Македонскиот државен и политички систем се заснова на Македонска Доктрина и Национална Стратегија на Развој на државно уредување базирана на древниот вековен опит и во склад со новите светски општествено-државни и геостратешки хоризонти кои се оцртуваат и ќе го заменат неолибералниот глобалистички светски поредок кој се распаѓа и заминува во историјата. (види програмски дел – Политички Систем)
  • Економската политика која ќе обезбедува целосна продуктивна вработеност користејќи го целиот домашен и иселенички Македонски работен и креативен потенцијал (види програмски дел – Државна Администрација.

Вашите предлози за Програмската Целина – Меѓународни односи може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адресата contact@rodina.org.mk или активно да се вклучите во Родина.

© 2019. This work is licensed by Goran Sumkoski under a CC BY-NC-ND 4.0 license.

© 2019. Лиценцирана интелектуална сопственост на Горан Шумкоски според CC BY-NC-ND 4.0 лиценца.

 

Државна Администрација

Програмскa целинa – Државна Администрација

Од основните програмски цели

1.Прочистување на сите Македонски институции и администрација од кадар лојален на туѓи интереси.

Основна Стратешка Цел

Ефикасна и способна државна администрација со професионален менталитет на слуга на граѓаните и претпријатијата и нејзино драстично смалување и централизирање по сите министерства и воведување модерни методи на управување.

Мерки за постигнувањето на основните цели

  • Државни агенции и институции – Укинување на сите агенции и институции чии ингеренции се веќе дуплираат со ингеренциите на соодветните министерства.
  • Јавни претпријатија – Намалување на одвишниот персонал во државните и локалните јавни претпријатија.
  • Локална администрација – Укинување на одвишните ингеренции на општините и нивен премин во надлежност на државните министерства и драстично смалување на персоналот.
  • Вклучување на 2.000 Македонци професионалци од иселениците за реструктуирање на државната администрација и нејзино намалување и осовременување.
  • Преквалификација и пренасочување во реалната економија и приватниот сектор, услуги, производство, земјоделство, сточарство, туризам, информатика.
  • Промена на менталитетот на државната администрација од позиција на сила во позиција на сервис на граѓаните и реалниот економски сектор.
  • Администрација која одговорно го троши секој денар народни пари, транспарентна и отчетна пред народот.
  • Еднаков пристап до јавните и државните работни места за сите граѓани на Македонија по вредносен систем единствено заснован на стручност и компетентност.
  • Департизирана администрација и точно дефинирање на политичките позиции кои се пополнуваат со промена на власт.
  • Намалување на непотребните трошоци на државната и локална администрација кои не се во функција на сервис на граѓаните.
  • Воведување на систем со точно дефинирани работни места и нивен фиксиран број во државната и локална администрација како и јавните претпријатија.
  • Укинување на многу непотребни раководни позиции, драстично намалување на непотребните трошоци на преостанатите раководни лица, нивниот луксуз, возен парк, репрезентација.

Спроведување

Реформата на Македонската Државна Администрација ќе се спроведува централизирано од владата и министерствата под надзор на Претседателот на Републиката и со општествен надзор на работата на министерствата преку народни општествени совети од граѓани избрани од народот.

Спроведување Координирано со

Реформата на Македонската Државна Администрација ќе се исполнува со паралелно применување на останатите основни цели:

  • Социјална, пензиска и здравствена заштита за секого, ниеден Македонец и семејство нема да бидат оставени сами на себе (види програмски дел – Социјална поткрепа)
  • Економската политика која ќе обезбедува целосна продуктивна вработеност користејќи го целиот домашен и иселенички Македонски работен и креативен потенцијал (види програмски дел – Економски Насоки и Цели)
Вашите предлози за Програмската Целина – Државна администрација може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адресата contact@rodina.org.mk или активно да се вклучите во Родина.

© 2019. This work is licensed by Goran Sumkoski under a CC BY-NC-ND 4.0 license.

© 2019. Лиценцирана интелектуална сопственост на Горан Шумкоски според CC BY-NC-ND 4.0 лиценца.

 

by-nc-nd
© 2019. This work is licensed under a CC BY-NC-ND 4.0 license.

Политички Систем

Програмска целина – Политички систем

Од основните програмски цели

  1. Поднесување барање за прием под уставно име Република Македонија во ООН.
  2. Спроведување на АСНОМ-скиот и духот на Уставот од 1991ва во сите законско-регулативни акти и во сите национални и општински институции.
  3. Поништување на сите закони и меѓународни договори донесени од нелегитимните анти-уставни, пучистички и самонаречени собрание и влада од 27ми Април 2017 наваму.
  4. Поништување на Пржинските и Охридскиот договор и сите последици произлезени од нив.
  5. Враќање на законот за локална самоуправа од пред 2004та година.
  6. Поништување на регистрацијата на сите политички партии и ре-регистрација само на оние чии програми не се косат со Уставот на Република Македонија од 1991.
  7. Одземање и повторно објавување конкурс за лиценци на сите медиуми.
  8. Поништување на регистрацијата и дозволата за работа на сите НВО финансирани со странски средства.
  9. Укинување на сите нелегално издадени Македонски државјанства незаконски доделени од политички причини од 1991 наваму.
  10. Спречување доселување и легализирање на мигранти во Република Македонија, издавање пасоши на сите Македонци од светот и доделување земја за нивно враќање во татковината.
  11. Прочистување на сите Македонски Институции од кадар лојален на туѓи интереси.
  12. Забрана за учество во политика со повеќе од два мандати за секого, а општа забрана за учество во политика и вршење јавни функции на амнестирани и аболицирани лица вмешани во био каков криминал  и отворање на процес со судско -правна разврска и конфискација на имотот на корумпираните нелегитимни елити.

Основни Стратешки Цели

  • Македонија е организирана како Република со Претседателски систем каде никој нема право да ги менува уставните темели на Македонија како држава на македонскиот народ.
  • Македонскиот државен и политички систем се заснова на Македонска Доктрина и Национална Стратегија на Развој на државно уредување базирана на древниот вековен опит и во склад со новите светски општествено-државни и геостратешки хоризонти кои се оцртуваат и ќе го заменат неолибералниот глобалистички светски поредок кој се распаѓа и заминува во историјата.

Политички Систем

Претседател – Македонија ја раководи претседател кој се избира на рок од 5 години, најмногу на два мандати и на основа на програма за развој на Македонија во тој мандат а во согласност со долгорочната Македонска Доктрина и Националната Стратегија на Развој. Претседателот именува Влада која ја спроведува неговата програма и која во секој момент може да ја промени. Претседателот ја представува Република Македонија во странство и е Командант на Македонските Вооружени и Полициски сили.

Влада – Владата на Република Македонија е назначена од Претседателот на Македонија и е составена од Премиер и Министри кои ги назначува Претседателот. Владата, Премиерот и секое министерство работи на спроведување во дело на програмата на Претседателот за што редовно се отчитува пред народот, собранието и Претседателот.

Општествени совети – со надзорна, консултативна и советодавна улога, составени од обични граѓани на Република Македонија професионалци од таа и други слични сфери ангажирани на про-боно основа  која ќе ја зголеми транспарентноста и пред кои, секое министерство и јавни институции ќе мора да се одчитува за минатата работа, тековните и планираните работи.

Собрание – Собранието има главна улога да го усогласува законодавството да биде во функција на спроведувањето на програмата на Престедателот и развојот на Република Македонија и се состои од 60 пратеници избирани на рок од 5 години избрани во една изборна единица која ја опфаќа целата територија на државата и максимум еден изборен мандат и предложени од политички партии или од група од 100 граѓани.

Политички партии – Регистрација на политички партии е дозволена само врз економска основа а не врз национална или идеолошка. Политичка партија се регистрира со 100 пристапници.

Судство – Професионално, патриотско и некорумпирано судство.

Уставен Суд – Назначен од Претседателот на Република Македонија со цел да ги брани темелните принципи на уставот на Република Македонија.

Политички мерки во согласност со основните цели

  • Поништување на Охридскиот и Пржинските договори како вонуставни и нелегитимни и престанување на дејствата на сите вонинституционални и анти-уставни решенија произлезени од нив!
  • Поништување на Преспанскиот договор
  •  Целосно отфрлање на Тиранската платформа!
  •  Поништување на договорот со Бугарија!
  • Прекинување на преговорите за името со Грција и барање за прием во ОН под уставното име Република Македонија а врз основа на одлуката на Меѓународниот Суд во Хаг!
  • Пре-регистрација на сите политички партии, невладини организации и здруженија на граѓани и забрана на работа на сите тие кои имаат анти-уставни програми или дејствија
  • Забрана на делување на странски организации страна чии програмски цели и дејствија се анти-уставни и забрана на финансирање од нивна страна на домашни агенти!
  • Забрана на финансирање од странство на домашни организации и медиуми од извори чија цел е ширење туѓа анти-македонска пропаганда на политичка, национална и верска основа!
  • Задолжително користење на Македонскиот јазик како официјален во сите национални и општински установи и органи на власт со задолжителен тест на знаење на вработените!
  • Задолжителна употреба на Македонското знаме како официјално во сите национални и општински установи, институиции и органи на власт со казна за непочитување!
  • Забрана за ширење на меѓунационална и верска омраза вклучително и забрана на работа и влез во земјата на вахабистички оџи спонзорирани од странство!
  • Попис на населението според меѓународна статистичка методологија!

Спроведување

Македонскиот политички систем ќе се реформира централизирано од Претседателот, владата и министерствата со општествен надзор на работата на министерствата преку народни општествени совети од граѓани избрани од народот.

Вашите предлози за Програмската Целина – Политички систем може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адресата contact@rodina.org.mk или активно да се вклучите во Родина.

© 2019. This work is licensed by Goran Sumkoski under a CC BY-NC-ND 4.0 license.

© 2019. Лиценцирана интелектуална сопственост на Горан Шумкоски според CC BY-NC-ND 4.0 лиценца.

 

by-nc-nd
© 2019. This work is licensed under a CC BY-NC-ND 4.0 license.

Економски Развој

 Програмскa целинa – Економски насоки и цели

Од основните програмски цели

  1. Национализација на сите стратешко важни правни субјекти и фирми.
  2. Отпишување на меѓународниот државен долг направен од досегашните корумпирани елити кон глобалистичките финансиски поробувачи и ослободување на Македонецот од подготвеното му вечно финансиско ропство.
  3. Ревизија на сите приватизации и враќање во државна сопственост и/или продажба со обесштетување на бившите вработени и нивните семејства.
  4. Конфискација на нелегално стекнат имот од осамостојувањето досега.
  5. Обезбедување и привлекување јавни и приватни инвестиции, ниски даноци и финансиска подршка за сите претприемачи/мали/средни претпријатија за силен економски раст и процут.
  6. Еколошки чисто земјоделство и туризам и ГМО-слободна Македонија.
  7. Поднесување барање за учество во сите глобални и регионални ЕвроАзиски економски и други интеграции, ЕАЕС, Пат на Свилата итн.
  8. Укинување на извршителите, на несразмерно високите казни и блокирањето на сметки. Домот не може да е предмет на хипотека.
  9. Поништување на сите тековни и претходни економски договори направени на штета на Македонија и испитување за потеклото на капиталот на бившите елити и негова конфискација.

Стратешка Визија на Економскиот Раст

Основните економски постулати за градење на Македонска држава на благосостојба за секого се базирани на достигнување одржлив, независен, самостоен економски развој, извозно насочен кон креирање надворешно-трговски суфицит и конкурентен за сегашните и идните глобални предизвици од економска, политичка, технолошка природа, обезбедувајќи целосна продуктивна вработеност користејќи го целиот домашен и иселенички Македонски работен и креативен потенцијал и сите природни и други богатства.

Економска политика – Основни стратешки цели

  • Енергетска независност
  • Прехранбена независност
  • Финансиска независност
  • Инфраструктурна поврзаност
  • Глобална конкурентност
  • Извозна ориентираност
  • Приватна иницијатива (мали и средни претпријатија)

Економска политика – Стратешки сектори

  • Земјоделие и Сточарство – развој на органско, ГМО-слободно земјоделие и сточарство и прехрабнена преработувачка индустрија со врвен и извозен квалитет под брендот чиста Македонија. Забрана на продажба на земја на странци. Доделување бесплатно земја за Македонските иселеници, многудетни семејства и секој кој сака да се вклучи во иницијативата за растоварување на градовите и оживување на селата.
  • Туризам – продолжување на спектакуларниот раст на туризмот под брендот Македонија, вклучително езерски, планински, културен, етнолошки, селски, вински, здравствен туризам, итн.
  • Информатичка технологија – доставување услуги од информатичкиот сектор до глобални корисници, развој на блок-чејн технологијата.
  • Енергетика – градење на хидроцентрали по должината на Река Вардар, реактивирање на учеството во Гасоводот Турски Поток и заокружување на енергетската самостојност на Македонија. Потикнување на производство на електрична енергија од алтернативни незагадувачки извори на енергија.
  • Природни и минерални ресурси – искористување на целиот македонски потенцијал на природни и минерални ресурси со сопствени сили и со стриктни еколошки мерки. Забрана на продажба на води, земја и минерални ресурси на странски или домашни фирми и поединци.
  • Градежништво – железница над долината на Вардар како дел од новиот Пат на Свилата. Поврзаност на секое село до главните транспортни артерии. Урбанизирање на секое поголемо населено место со основната инфраструктура.

Финансиска политика

  • Даночна политика – 5% данок на приход за претпријатијата, етапно намалување на ДДВ, и, укинување на данок на имот. Изедначување на даночните обврски за домашни и странски прeтпријатија.
  • Буџетна политика – поголемо пополнување од национализираните субјекти а помало од претпријатијата и граѓаните. Развоен буџет насочен кон помош на реалниот економски сектор со кратења трошење во непродуктивниот сектор а зголемување на подршка за домашната реална економија, образование, здравство, одбрана, култура и социјала.
  • Кредитно-Монетарна политика – 0.5% основна каматна стапка на НРМ, ниски каматни стапки и кредити за граѓаните, земјоделците и мали и средни претпријатија.
  • Монетарен систем – Валута Македонски Денар, подржан со злато, девизни резерви и криптовалута МакКоин. Излез на Народна Банка на Македонија од 59-те земји членки финансиски робови на приватната банка за меѓународни порамнувања BIS.

Приватна иницијатива (мали и средни претпријатија)

  • Креирање на услови за слободен развој на приватната инцијатива, ослободена од државните и општински стеги, елиминирање на локалните феудалци и криминално рекетарско подземје.
  • Заштита на инвестираното, поткрепа од државните фондови и комплетна инфраструктура за развој на претпријатието.

Спроведување

Македонската економска политика ќе се спроведува централизирано од владата и министерствата со општествен надзор на работата на министерствата преку народни општествени совети од граѓани избрани од народот.

Спроведување Координирано со

  • Социјална, пензиска и здравствена заштита за секого, ниеден Македонец и семејство нема да бидат оставени сами на себе (види програмски дел – Социјална поткрепа)
  • Танка и ефикасна државна адмиистрација (види програмски дел – Државна администрација)
  • Меѓународни Односи – Членство во глобални економски иницијативи (види програмски дел – Меѓународни Односи)

Вашите предлози за Програмската Целина – Економски насоки и цели може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адреса contact@rodina.org.mk или активно да се вклучите во Родина.

© 2019. This work is licensed by Goran Sumkoski under a CC BY-NC-ND 4.0 license.

© 2019. Лиценцирана интелектуална сопственост на Горан Шумкоски според CC BY-NC-ND 4.0 лиценца.

 

Основаност на Програмата Вистинскиот Македонски Пат –

Креаторот на Програмата – Горан Шумкоски (2)

Ќе ги Вратиме Во Џебот на Македонецот Годишно Исцицуваните 1.4 Милијарди Долари од Македонската Економија со кои сега не водат кон Менаџиран Колапс и Банкрот!

Прв дел од видеото: https://youtu.be/KZGXwS4Cu9Q

Втор дел од предавањето на Горан Шумкоски, врвен светски експерт и основач на РОДИНА МАКЕДОНИЈА: По Падот на Неолибералниот Глобализам Следи Ре-Државизација и Возобновување на Македонија и Сите Држави.



Facebook-f


Twitter


Youtube


Github

Вистинскиот Македонски Пат – Суверенистичка Македонска Државна Доктрина!

Време е за Македонска Државност

Учествувај

Единствена програма во новите надоаѓачки рамки на суверенизмот по цел свет.

обучи се

Одговор на глобалните, политички, економски, идеолошки предизвици.

делувај

Вклучи се во програмата на Вистинскиот Македонски Пат за нејзино заедничко доработување, обучување, и, најважно, за заедничко спроведување во услови кога во Македонија целиот политички спектар и понуда е во рамките на поразената неолиберална идеја.

Единствената Македонска програма за возобновување на државноста која е базирана не на поразениот неолиберализам туку на стремежот и потребите на слободољубивите народи во надоаѓачката и победничка национална, политичка, социјална, геостратешка, економска, глобална идеологија и реалност

Одговор на глобалните, политички економски, идеолошки предизвици.

Единствена програма во новите надоаѓачки рамки на суверенизмот по цел свет.

Во Македонија целиот политички спектар и понуда е во рамките на поразената неолиберална идеја, козметика не е лек за темелните проблеми.

Македонија сега има политичка платформа и сила за спроведување на победничката суверенистичка идеологија во мултиполарниот свет.

Вклучи се во програмата на Вистинскиот Македонски Пат за нејзино заедничко доработување, обучување, и, најважно, за заедничко спроведување во услови кога во Македонија целиот политички спектар и понуда е во рамките на поразената неолиберална идеја. Сега Македонија има изворна суверенистичка програма, наспроти сите глобалистички ЕУ/НАТО партиски програми кои предлагаат козметика која не е лек за темелните проблеми со кои се соочуваат денес сите народи во борбата против лажниот глобализам кој брише нации и граници со цел власт и профит за корумпираните глобални елити и нивните домашни слуги и за вечно ропство на народите и поединците. Во јавната консултација се приклучија многу Македонци, професионалци, експерти со во доработката на стратегијата и нејзината заедничка реализација за ослободување на нашата татковина Македонија и поставување на здрави темели за следните 1.000 години!Придружете ни се сега заедно со Македонскиот Народ да ја доградуваме и спроведеме програмата „Вистински Македонски Пат“ и на Конкретните Програмски Целини согласно народниот интерес за Ре-Државизација на Македонија и 4-от Илинден! Програмата Вистинскиот Македонски Пат е наша заедничка и припаѓа на сите и може да ја преземаат како своја сите суверенистички партии, движења и организации ги дава патоказите за Ре-Државизација и Возобновување на Македонската Државност и е базирана на длабоки анализи на општествените, економски, политички, социјални геостратешки и глобални и Македонски прoцеси како основа врз која е втемелена програмата Вистинскиот Македонски Пат како и во рамките на традиционалната Македонска Доктрина. Програма: Вистински Македонски Пат Единствената Македонска програма за возобновување на државноста која е базирана не на поразениот неолиберализам туку на стремежот и потребите на слободољубивите народи во надоаѓачката и победничка национална, политичка, социјална, геостратешка, економска, глобална идеологија и реалност. Одговор на глобалните, политички, економски, идеолошки предизвици. Единствена програма во новите надоаѓачки рамки на суверенизмот по цел свет. Македонија сега има политичка платформа и сила за спроведување на победничката суверенистичка идеологија во мултиполарниот свет.

Придружете ни се сега заедно со Македонскиот Народ да ја доградуваме и спроведеме програмата „Вистински Македонски Пат“ и на Конкретните Програмски Целини согласно народниот интерес за Ре-Државизација на Македонија и 4-от Илинден!

© 2019. Лицензирано под Креативна Заедница CC BY-NC-ND 4.0 лиценца.

by-nc-nd
© 2019. This work is licensed under a CC BY-NC-ND 4.0 license.

Основаност на Програмата Вистинскиот Македонски Пат –

Креаторот на Програмата – Горан Шумкоски (1)

Прв Дел – Предавање, 19 Јули 2019 – Горан Шумкоски, врвен светски експерт и основач на РОДИНА МАКЕДОНИЈА од серијата предавања насловени: По Падот на Неолибералниот Глобализам Следи Ре-Државизација и Возобновување на Македонија и Сите Држави.

Прв дел: Лажна Глобализација за Вечно Финансиско Ропство и Умирање на Демократијата – Основаност на Програмата Вистинскиот Македонски Пат!

Структура и Фази на Програмата Вистинскиот Македонски Пат

1. Визија

2. Стратегија

3. Реализација

  • Детален Оперативен План, месец пред Изборите
    и примена по Победата на Изборите 

Стратегија и План за Реализација на Визијата за Возобновување на Македонската Државност

Програма Вистинскиот Македонски Пат – Бесплатна Суверенистичка Обука за Македонскиот Народ, Базирана на Македонската Државна Доктрина!

 

Единствената Македонска програма за возобновување на државноста која е базирана не на поразениот неолиберализам туку на стремежот и потребите на слободољубивите народи во надоаѓачката и победничка национална, политичка, социјална, геостратешка, економска, глобална идеологија и реалност

Одговор на глобалните, политички економски, идеолошки предизвици.

Единствена програма во новите надоаѓачки рамки на суверенизмот по цел свет.

Во Македонија целиот политички спектар и понуда е во рамките на поразената неолиберална идеја, козметика не е лек за темелните проблеми.

Македонија сега има политичка платформа и сила за спроведување на победничката суверенистичка идеологија во мултиполарниот свет.